Службите на Град Скопје вечерва ќе спроведат редовна акција за дезинсекција во општина Кисела Вода и критичните локации за ширење на Западнонилска треска.
Третманот ќе ги опфати критичните подрачја, со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на масовното размножување на комарците.
Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 часот, па сè до целосното опфаќање на критичните места на општината, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци, соопштија од Општина Кисела Вода.
Од општината и Град Скопја упатуваат апел до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради вечерашните активности.
„Истовремено, за акцијата да се реализира безбедно и ефикасно, ги замолуваме граѓаните во наведениот временски период, доколку се во можност, да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови“, додаде градоначалничката.