ХОББ, третиот водечки причинител на смрт во светот, секоја година одзема повеќе од три милиони животи, според податоците на Светската здравствена организација. Оваа животозагрозувачка, прогресивна белодробна болест која го отежнува дишењето честопати е предизвикана од пушење и загадување на воздухот, а е одговорна за околу шест отсто од смртните случаи низ светот.
Консумирањето зелен лиснат зеленчук, не само спанаќ и кељ, туку и брокула, може да ги зголеми шансите за избегнување на ХОББ за дури 16 отсто. Истражувачите ги анализирале податоците на над 179.000 возрасни лица во период од десет години.
„Пратевме повеќе од 179.000 возрасни лица во текот на десет години и откривме дека луѓето кои јаделе повеќе зелен зеленчук богат со витамин К1 имаат подобра функција на белите дробови и помала веројатност да заболат од ХОББ”, изјави Ченгфенг Ли од ECU. „Само една дополнителна порција зелен зеленчук како кељ, односно 45 до 60 грама дневно, претставува реален начин за зголемување на внесот на витамин К1″, додаде Ли. Ефектите биле особено изразени кај пушачи и лица со високоризични професии.
Сепак, пушачите не треба да се потпираат на тоа дека додавањето на таа количина зеленчук во исхраната ќе ги ослободи од ризикот. Истото важи и за луѓето кои живеат во градови со лош квалитет на воздухот, поради смог или сообраќајно загадување.
„Иако изгледа дека зеленчукот носи одредени придобивки, истражувачите се јасни во едно, тој нема да ги поништи последиците од пушењето”, соопштија од универзитетот. „Најважното нешто што можете да го направите за вашите бели дробови е да престанете да пушите и да ја намалите изложеноста на загадување на животната средина”, предупреди Ли.