Шпанија е вториот полуфиналист на Светското првенство 2026, откако во возбудлив четвртфинален натпревар ја совлада Белгија со 2:1. Со оваа победа, „црвената фурија“ си обезбеди полуфинална пресметка против Франција, која претходно го елиминира Мароко со 2:0.
Преостанатите четвртфинални двојки се Норвешка – Англија и Аргентина – Швајцарија.
Лажна вест за Садио Мане
Во текот на денот на социјалните мрежи се прошири информација дека Садио Мане ја завршил репрезентативната кариера. Сепак, информацијата се покажа како неточна. Напаѓачот на Сенегал не се повлекува од националниот тим, а станува збор за лажна вест која брзо се прошири на интернет
Германските медиуми објавија нови детали за случувањата во репрезентацијата на Германија за време на Светското првенство. Според нивните информации, враќањето на Мануел Нојер во националниот тим предизвикало незадоволство во соблекувалната.
Се тврди дека селекторот Јулијан Нагелсман самостојно одлучил Нојер да биде прв голман, иако претходно им биле дадени поинакви ветувања на Оливер Бауман и Александар Нибел. Во извештаите се наведува и дека Нојер сакал Нибел да не биде на списокот за Светското првенство, а на негово место да биде повикан голманот на Баерн, Јонас Урбиг.
На крајот бил постигнат компромис – Урбиг отпатувал како четврти голман без право на настап, додека Нибел го загубил статусот втор избор.
Белгија остана без капитен уште пред почетокот
Белгија доживеа голем удар непосредно пред натпреварот со Шпанија. Капитенот Јури Тилеманс се повреди за време на загревањето и мораше да отпадне од стартниот состав. На негово место настапи Ханс Ванакен. Во текот на натпреварот меѓу Шпанија и Белгија се отвори дебата околу спорна ситуација во шеснаесетникот на Шпанците.
Белгиските фудбалери бараа пенал по игра со рака на Родри, но судијата, по консултација со ВАР, одлучи да не покаже на белата точка, што предизвика бројни реакции по натпреварот.