Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и продолжува да се следи од здравствените институции, информира Министерството за здравство. Во текот на 1 август биле регистрирани 57 први прегледи, што е намалување во однос на претходниот ден кога биле евидентирани 60 прегледи. Од Министерството велат дека нема нови хоспитализации.
Заклучно со 1 август, во Гостивар се пријавени вкупно 1.041 случаи на заразна болест, а здравствените служби изработиле 734 нови епидемиолошки анкети. Во однос на западнонилската треска, Институтот за јавно здравје нема пријавено нови лабораториски потврдени случаи.
Министерството за здравство, заедно со Институтот за јавно здравје и останатите надлежни институции, продолжува со следење на состојбата и најавува дека јавноста ќе биде информирана за сите нови податоци.