Пет возила се судрија во Ѓорче Петров, 19-годишен возач се бори со тешки повреди

Во судирот биле вклучени пет автомобили, а повредените се пренесени во „Мајка Тереза“ и во болницата „8 Септември“.

Тешка сообраќајна несреќа со учество на пет возила се случила синоќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје, при што 19-годишен возач се здобил со тешки телесни повреди, а неколку други лица биле повредени.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 21:20 часот. Во судирот учествувале две патнички возила „бмв“, како и „фолксваген туран“, „фолксваген артеон“ и „мерцедес“, сите со скопски регистарски таблички.

Најтешко повреден е 19-годишниот Л.Ј. од Кондово, кој управувал едно од возилата „бмв“. Со повреди се здобиле и двајца негови сопатници, како и шест лица од другото „бмв“ и 28-годишниот возач на „мерцедесот“, Б.Р. од Глумово.

Повредените биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“, каде им била укажана лекарска помош.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни