Сообраќајката се случила на 9 мај 2026 година околу 12:50 часот на крстосницата меѓу улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Аугуст Цезарец“ во Скопје. Според информациите од полицијата, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од 51-годишниот Д.И. од Скопје, удрило во двајцата пешаци.
Во несреќата најтешко е повредена 57-годишната Ф.С., кај која се констатирани тешки телесни повреди. Вториот пешак, 27-годишниот А.Т., се здобил со телесни повреди, по што и двајцата биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување и набљудување.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, која работи на утврдување на точните околности под кои дошло до удирањето и евентуалната одговорност на возачот.