Сонце со заби: Студени ноќи и сончеви утра ја чекаат Македонија во наредните денови

Во наредните денови Македонија ја очекуваат сончеви утра и топли денови со темепратури до 28°C, но ноќите остануваат студени до минус 2°C.

Наредните денови во Македонија ќе донесат типично пролетно време: сончеви денови, но студени ноќи. Токму овие температурни разлики ќе не потсетат дека зимата сè уште не си заминала сосема.

Денес, 23 април, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови на земјата се очекуваат услови за слаб локален дожд, а ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 3°C до 15°C, додека во Скопје исто така се очекува променливо облачно со умерен северен ветер.

Во четврток, 24 април, минималните температури ќе паднат до минус 2°C во планинските предели, додека максималните ќе достигнат до 24°C. Времето ќе остане променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер.

Петокот, 25 април, носи подобрување: претежно сончево со мала до умерена облачност и температури до 25°C. Преминот кон викендот ќе донесе уште потопло, со максимални температури до 28°C, иако студените ноќи со минимуми околу 2°C до 9°C ќе останат константа. Должината на Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер.

Тоа значи дека и покрај дневите температури кои постепено стануваат сè попријатни и потопли, доцните часови сеуште нè потсетуваат дека јакната и потоплата облека не треба да ги оставате дома.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни