Трамп 2.0 избриша речиси 400 сојузни бази на податоци: Загрозени се здравството и образованието

Над 350 сојузни бази на податоци во САД се избришани или изменети под раководство на Трамп. Оваа агресивна кампања за отстранување на фактите кои не се совпаѓаат со политиките на власта најмногу го погодува јавното здравство, оставајќи ги стручњаците без неопходните информации за превенција и носење одлуки.

Според платформите кои следат промени во државните регистри, во последните 18 месеци се целосно избришани 28 сојузни бази, додека 338 се сериозно изменети. Оваа ситуација ги загрижува експертите кои предупредуваат дека државата го губи пристапот до клучни информации за носење животоспасувачки одлуки.

Најпогодени се базите во здравствениот сектор, кои сочинуваат околу 40 проценти од сите изменети или отстранети збирки на податоци. Главната промена се однесува на отстранување прашања за квир и трансродовите лица од истражувањата за СИНД/ХИВ, дијабетес и семејно насилство.

Дополнително, прекинато е ажурирањето на информациите за предозирање со дрога во реално време, што директно го загрозува следењето на епидемиите. Здравствените работници предупредуваат дека со овие потези се брише институционалната меморија потребна за навремена превенција и соодветна медицинска реакција.

Бришењето не е ограничено само на здравството, туку ги опфаќа и земјоделството, труд и образованието. Прекинати се истражувањата за платите на земјоделските работници, како и анкетите за работните услови и платите на наставниците и директорите во училиштата.

Платформата за следење беше активирана затоа што државните органи немаат обврска да ја известат јавноста кога прекинуваат со собирање податоци. Некои бази исчезнуваат поради скратен кадар, додека други тивко се отстрануваат, правејќи ја листата на избришани податоци сѐ уште нецелосна.

Сојузните бази за полициска несоодветност, истражувањата за насилство врз деца и мерењата на загаденоста на воздухот исчезнуваат од американските државни веб-страници. Администрацијата на Доналд Трамп спроведува агресивна кампања за отстранување на сите податоци кои не се совпаѓаат со нејзините политички приоритети.

Според платформите кои следат промени во државните регистри, во последните 18 месеци се целосно избришани 28 сојузни бази, додека 338 се сериозно изменети. Оваа ситуација ги загрижува експертите кои предупредуваат дека државата го губи пристапот до клучни информации за носење важни одлуки.

Најпогодени се базите во здравствениот сектор, кои сочинуваат околу 40 проценти од сите изменети или отстранети збирки на податоци. Главната промена се однесува на отстранување прашања за квир и трансродовите лица од истражувањата за СИНД/ХИВ, дијабетес и семејно насилство.

Дополнително, прекинато е ажурирањето на информациите за предозирање со дрога во реално време, што директно го загрозува следењето на епидемиите. Здравствените работници предупредуваат дека со овие намери се брише институционалната меморија потребна за навремена превенција и соодветна медицинска реакција.

Бришењето не е ограничено само на здравството, туку ги опфаќа и земјоделството, труд и образованието. Прекинати се истражувањата за платите на земјоделските работници, како и анкетите за работните услови и платите на наставниците и директорите во училиштата.

Платформата за следење беше активирана затоа што државните органи немаат обврска да ја известат јавноста кога прекинуваат со собирање податоци. Некои бази исчезнуваат поради скратен кадар, додека други тивко се отстрануваат, правејќи ја листата на избришани податоци сѐ уште нецелосна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс