На роденденот на Борко Лазески, во Прилеп поставена неговата песна „Крај“

На денешен ден, 22 октомври, кога се одбележуваат 109 години од раѓањето на големиот македонски сликар Борко Лазески, во Прилеп е поставена неговата песна „Крај“, која претставува своевиден аманет до сограѓаните за зачувување на монументалното дело „Македонија во НОВ“.

На денешен ден, 22 октомври, кога се одбележуваат 109 години од раѓањето на големиот македонски сликар Борко Лазески, во Прилеп е поставена неговата песна „Крај“, која претставува своевиден аманет до сограѓаните за зачувување на монументалното дело „Македонија во НОВ“.

Песната е поставена во објектот познат како „Участокот“, на вториот кат, непосредно покрај муралот на Лазески, како трајно сведоштво за неговата поврзаност со родниот град и неговото уметничко наследство.

Текстот е преземен од дневникот на уметникот, со наведена дата 6 септември 1993 година, а како библиографски извор е посочено списанието „Стремеж“, број 72/2, страници 100–101.

Борко Лазески е роден на 22 октомври 1917 година во Прилеп и се вбројува меѓу најзначајните претставници на македонската монументална уметност. Неговите фрески, мозаици и витражи оставија трајна трага во современата македонска ликовна историја.

Меѓу неговите најзначајни остварувања е фреската „Македонија во НОВ“, првично создадена во Скопската железничка станица, која во најголем дел била уништена во катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Децении подоцна, Лазески го обновил делото во родниот Прилеп, оставајќи монументално уметничко сведоштво за македонската антифашистичка борба и историската меморија.

Поставувањето на песната „Крај“ покрај муралот претставува симболично поврзување на неговото сликарско и пишано наследство, но и потсетување на одговорноста на сегашните и идните генерации да го зачуваат ова исклучително културно богатство.


На 109-годишнината од неговото раѓање, Прилеп му оддава почит на уметникот кој на родниот град му остави повеќе од слика – му остави дел од македонската историја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс