Роберт Дауни Џуниот станува најплатениот глумец во историјата, откако беше соопштено дека се враќа во тимот на Марвел. Овој пат, тој нема да го глуми Ајронмен, туку ќе биде негативецот од „Фантастичната четворка“ – Доктор Дум во два нови филма за „Avengers“.
За неговиот ангажман тој ќе добие 62 милиони фунти, плус дел од заработката од продажбата на карти на филмовите. Останатите бенефити од договорот вклучуваат патување со приватен авион и посебно обезбедување, пишува Дејли мејл.
“New mask, same task.”
— Marvel Studios (@MarvelStudios) July 28, 2024
Robert Downey Jr. surprises Hall H to announce his return to the MCU as Doctor Doom. pic.twitter.com/j1SEjzse3p
Дауни Џуниор со ова ќе ги надмине Брус Вилис во „Шесто сетило“, Том Круз во „Топ Ган“ и Вил Смит во „Луѓе во црно 3“ според заработката. Новиот актерски ангажман на Дауни Џуниор беше соопштен на Комикон во Сан Диего, каде што тој се појави на сцената заедно со браќата Русо, кои повторно се враќаат како режисери за „Avengers“.
Иако Марвел долго време беше доминантен бренд во светската кинематографија, новите продолженија како Ентмен и Марвелс доживеаја неуспех на кино благајните. Филмските директори се надеваат дека со враќање на стариот тим на браќата Русо и Роберт Дауни Џуниор ќе ја променат ситуацијата на подобро.
Снимањето на новите филмови се очекува да започне идната пролет во Лондон.