Со бројни културни настани одбележан 8 Септември во Шибеник и Зларин

Деновите на македонската култура во Шибеник и Меѓународната книжевна средба на Зларин се одржаа под покровителство на Советот за национални малцинства на Република Хрватска и градоначалниот на Шибеник, д-р Жељко Буриќ и со подршка на туристичките заедници на Град Шибеник, Шибенско-книнската жупанија и Зларин

Промоции на книги, трибина, ликовна изложба, музички настапи беа дел од
содржините што се реализираа од 4 до 7 септември 2024 година во Шибеник и Зларин,
во рамки на Деновите на македонската култура и Меѓународната средба на писатели,
публицисти и новинари, со што беше одбележан Денот на независноста на Македониja.

Со изложбата „Звучни слики“ во Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ беа
затворени овогодинешните Денови на македонска култура во Шибеник. Авторот Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет во Скопје го претстави Зденка Билушиќ, раководителка на Одделението за визуелнауметност во градската библиотека, која говореше за неговиот ликовен, книжевен и музички опус.
Мартиновски читаше и своја поезија, а присутните ги изненади и со настап на стар
македонски инструмент кавал. Предходно, исто така, во градската библиотека беше промовиран романот „Заборав“ на реномираниот македонски книжевник, драмски писател и новинар, Томислав Османли. Ова е прва промоција на неговиот роман, а книгата ја претстави проф. д-р. Лидија
Капушевска Дракулевска од Филолошкиот факултет во Скопје.
Предходните три дена поминаа во светло на одбележување на два јубиулеја: 10 години
од првата Меѓународна книжевна средба на Зларин „Од остров на копно, кон остров на
море“ и пет години од Деновите на македонската култура во Шибеник.

Како и претходните години и овогодинешните настани на едно место собраа угледни
учесници. Од Македонија допатуваа проф. д-р. Лидија Капушевска Дракулевска,
Владимир Мартиновски и Томислав Османли, од Словенија учествуваше проф. д-р.
Намита Субиото од Филозоскиот факултет во Љубљана, а од Хрватска беа присутни
поети од Задар и Шибеник. На Зларин, исто така, за прв пат беше претставена и книгата
„Градоначалникот на Хипнополис“ од универзитетските професори Лидија Капушевска
Дракулевска и Владимир Мартиновски. Годинашната средба на писатели, публицисти
и новинари беше посветена на големите зларински имиња: поетесата Весна Парун и на
новинарот и писател Младен Бјажиќ, а за нив зборуваше новинарот во ХРТ, Звонко
Варошанец.


За десетгодишно почесно членство во невладината организација Хрватско-македонска
тангента, на третиот хрватски претседател му беше врачено и посебно признание.
Свеченото отварање се одржа во Музејот на Град Шибеник, каде настапија професори
и среднишколци од Музичкото училиште „Иван Лукашиќ“, а поздравна порака преку
видео упати македонскиот заменик министер за надворешни работи, Зоран Димитровски.
Беше одржана и трибина за современите трендови во книжевноста и уметноста како
дел од манифестацијата „По трагата на пишаниот збор“.

Деновите на македонската култура во Шибеник и Меѓународната книжевна средба на
Зларин се одржаа под покровителство на Советот за национални малцинства на
Република Хрватска и градоначалниот на Шибеник, д-р Жељко Буриќ и со подршка на
туристичките заедници на Град Шибеник, Шибенско-книнската жупанија и Зларин.
Бројните настани во склоп на културните манифестации се одржаа по повод Денот на
македонската независност – 8 септември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс