Епидемијата во Демократска Република Конго веќе однесе повеќе од 170 животи, а Светската здравствена организација предупредува на „многу висок“ ризик од понатамошно ширење. Тројца волонтери на Црвениот Крст починаа, а се сомнева дека се заразиле со ебола додека работеле со телата на починати лица, пред официјално да биде прогласена епидемијата.
Според информациите на, волонтерите Аликана Удумуси Аугустин, Сезабо Катанабо и Ајико Чандиру Вивијан се заразиле на 27 март во источниот регион Итури, додека работеле на проект што не бил поврзан со вирусот. Тие починале меѓу 5 и 16 мај во градот, кој сега се смета за епицентар на актуелната епидемија.
„Им служеа на своите заедници со храброст и хуманост“, соопшти организацијата.
Епидемијата на ебола во Конго досега однесе повеќе од 170 животи, а регистрирани се околу 750 сомнителни случаи на зараза. СЗО предупреди дека ризикот за јавното здравје е подигнат од „висок“ на „многу висок“. Генералниот директор на СЗО,, изјави дека опасноста за африканскиот регион е сериозна, иако глобалниот ризик засега останува низок.
Станува збор за ретка варијанта на вирусот – Бундибугио ебола, за која сè уште нема докажана вакцина. Експертите предупредуваат дека телата на починатите остануваат многу заразни и по смртта, што го прави погребувањето еден од најризичните моменти за ширење на вирусот.
Нови случаи веќе се регистрирани и во, каде што здравствените власти потврдија уште три инфекции. Африканските центри за контрола на болести предупредија дека уште десет држави се изложени на ризик, меѓу кои,,. Властите во Демократска Република Конго веќе ги суспендираа сите комерцијални и приватни летови кон и од градот, главниот град на провинцијата Итури.
Ситуацијата дополнително се влошува поради насилства и недоверба кај населението. соопшти дека нивен шатор за третман на заболени од ебола бил запален од толпа во Монгбвалу, додека во друг дел од Итури бил нападнат дел од болница откако на семејство не му било дозволено да го преземе телото на починат млад човек за погреб. Борбата против еболата е дополнително отежната затоа што делови од источен Конго се под контрола на бунтовничката група.