Смртност до 90%: Еболата се шири, има сè повеќе жртви, а вирусот се пренесува и на погреби

Според најновите податоци, регистрирани се речиси 750 сомнителни случаи и 177 сомнителни смртни случаи. Стручњаците предупредуваат дека вистинскиот број на заразени веројатно е поголем од официјално потврдениот.

Епидемијата на Ебола повторно се шири во Демократска Република Конго, а здравствените власти и хуманитарните организации предупредуваат дека ситуацијата станува сè посериозна и дека е потребна итна меѓународна мобилизација.

Според најновите податоци, регистрирани се речиси 750 сомнителни случаи и 177 сомнителни смртни случаи. Стручњаците предупредуваат дека вистинскиот број на заразени веројатно е поголем од официјално потврдениот. Вирусот се шири и преку традиционалните погребни обичаи, при кои членовите на семејствата доаѓаат во директен контакт со телата на починатите. Токму тоа значително придонесува за понатамошно ширење на заразата. Поради тоа, властите сè почесто ги преземаат погребите за да спречат нови инфекции.

„Сите мора да се мобилизираат. Сè уште сме далеку од тоа да кажеме дека ситуацијата е под контрола“, предупредуваат хуманитарните работници.

Организациите како Лекари без граници велат дека болниците се преоптоварени и дека во многу здравствени установи нема слободни изолациски капацитети. Во некои случаи, сите одделенија се веќе исполнети со сомнителни пациенти. Експертите потсетуваат дека за овој вид на ебола сè уште не постои одобрен лек ниту вакцини, а стапката на смртност може да се движи меѓу 25% и 90%, зависно од условите и медицинската грижа. Здравствените власти во Конго, заедно со меѓународни организации, спроведуваат итни мерки за контрола на епидемијата, но предупредуваат дека ситуацијата сè уште не е под контрола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс