Search
Се одржа петтата Парада на гордоста во Скопје

Спектакуларно непослушни!

Денеска во Скопје се одржа петтата по ред Парада на гордоста под мотото „Спектакуларно непослушни“. Активистите и поддржувачите на правата на ЛГБТИ+ луѓето, маршираа низ главниот град, давајќи поддршка, но и барајќи еднаквост и почитување на оваа заедница.

Парадата на гордоста започна во 17 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје, , а во 19:00 часот, по кратки поздравни говори, следуваше марш по скопските улици пропратен со DJ сетови. Конечна цел на маршот беше Стадионот на АРМ во Градски парк, каде што Скопје прајд, како и изминатите години понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од земјата и од регионот и DJ сетови.

Програмата на Прајд ја водеа Линда Социјалиста, Ронда Ву и Петар Стојковиќ, а за забавата на учесниците се погрижија Боле, Соња Исмаил, Илина Ангел, Нино Наумов, Мон Шери, Лазарус, Падре Долоросо, Естела Дарк, Дариа Бафи, Електра Блосом, Абхора Шон, Тиа Дол. Од камионот на Прајд кој ќе го следи маршот од паркот „Жена борец“ до Стадионот на АРМ, присутните ги забавуваа Еми Ермилова и Марко Ангелоковски.

Најново

Последни колумни