Скопје повторно станува светска џез-сцена: 13 земји, ексклузивни концерти и полноќна програма

Скопскиот џез фестивал ќе се одржи од 15 до 18 октомври, со концерти на Националната опера и балет, нова полноќна програма на Малата сцена и филмска проекција посветена на легендарниот Рон Картер

Скопје и годинава ќе биде место на средба на некои од најинтересните имиња на современиот џез. Од 15 до 18 октомври ќе се одржи Скопскиот џез фестивал 2026, со рекорден број изведувачи од 13 земји, ексклузивни настапи и програма што ги поместува границите на жанрот. Скопскиот џез фестивал со години гради репутација на фестивал кој не се обидува да ги следи масовните музички вкусови, туку да отвора простор за нови звуци, експерименти и современи музички изрази.

И годинашното издание продолжува во истиот правец. Организаторите најавуваат богата програма со изведувачи од 13 земји, при што речиси сите концерти се ексклузивни и во овој период ќе се одржат само во Скопје. Новина годинава е полноќната програма, која ќе се одржува на истото место – Националната опера и балет, но на специјално подготвената Мала сцена.

Фестивалската програма ќе биде надополнета и со документарниот филм „Рон Картер: Finding the Right Notes“, како и со традиционалната работилница „Џез за деца“.

Дизајнот на фестивалот годинава е на ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ.

Целосна програма

15 октомври

Национална опера и балет | 20:00 часот

  • Златко Каучич Комбо БЦ (Словенија)
  • Леонхард Скорупа Њу Квиспел Октет (Австралија/Германија/САД/Северна Македонија)

Национална опера и балет – Мала сцена | 24:00 часот

  • Пасквале Мира и Хамид Дрејк (Италија/САД)

16 октомври

Национална опера и балет | 20:00 часот

  • Пункт Интернешнл
  • Ејвинд Орсет и Јан Банг (Норвешка)
  • Скули Сверисон и Олоф Арналдс (Исланд)

Национална опера и балет – Мала сцена | 24:00 часот

  • Пункт лајв ремикс: Ерик Оноре и Јан Банг (Норвешка)

17 октомври

Национална опера и балет | 20:00 часот

  • Андреа Мирческа Квинтет (Северна Македонија)
  • Ндудузо Махатини (Јужна Африка)

Национална опера и балет – Мала сцена | 24:00 часот

  • Александер Хокинс и Софија Јернберг (Велика Британија/Шведска)

18 октомври

Национална опера и балет | 20:00 часот

  • Сао Паоло Андерграунд (САД/Бразил)
  • Венсан Пејрани – Ливинг Бинг (Франција)

Programme Plus

13 октомври

МКЦ – Кино Фросина | 20:00 часот

  • „Рон Картер: Finding the Right Notes“ – документарен филм (САД)

Филмот е посветен на легендарниот контрабасист и џез музичар Рон Картер и е дел од фестивалската филмска програма.

Билетите се во продажба преку МК Тикетс, а фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам на Северна Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс