Протест против фемицидите и насилството врз жените ќе се одржи во петок, 20 ноември, пред Владата, со почеток во 13 часот. Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ најавува и блокада, со барања за одговорност, правда и заштита на правата на жените.
Протест против фемицидите
Според најавата, повод за собирот е последниот случај на насилство врз младата охриѓанка Сара Ѓорѓиевска.
Организаторите повикуваат граѓаните да ја поддржат борбата против насилството врз жените.
Во повикот порачуваат дека е доста од ветувања, молчење и чекање, барајќи институциите да преземат конкретни мерки.
Собирот е најавен како барање за институционално постапување и заштита на жените, наместо одговорот на насилството да остане само на ветувања.
