Поетската антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот. Настанот ќе се одржи во Сули ан во вторник, 28 јули од 20:30 часот.
Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќаваьaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти. Делата повикуваат на размислуваьe за носталгиjaта, за променетите интерпретации и новите значења што архитектурата ги добива со текот на времето, но и за неизбежните промени што ги носи современиот урбан развоj.
Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнуваьe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
Настанот претставува спомен за минатото, но и потсетник за човечноста, солидарноста и колективната мемориja на градот. Настанот е дел од програмата на 47мото Скопско лето.