Скопјанката Ирена Нелковски објави видео на Фејсбук во кое документира како е нападната од голем број скитници кучиња на велосипедската патека по кејот на Вардар.
Инцидентот се случил денес, околу 7 часот наутро, на потегот од Адреналинскиот парк во Карпош 4 до Александар Палас. Нелковски, која вели дека редовно ја користи таа патека за одење на работа со велосипед, нагласува дека и покрај нејзиното искуство со кучиња, ситуацијата брзо излегла надвор од контрола.
Во својата објава на Фејсбук, таа детално го опишува настанот:
Нелковски истакнува дека она што почнало со група од четири до пет кучиња набрзо прераснало во чопор од дваесет или повеќе агресивни животни. Најголем страв и предизвикувало можноста да падне од велосипедот, бидејќи кучињата повеќепати се обидувале да ги фатат педалите и да ја соборат, а во близина немало никој кој би можел да и помогне.
Со порака до надлежните, Нелковски бара итно преземање мерки, предупредувајќи дека станува збор за сериозна закана за безбедноста на граѓаните во урбана средина.