Триесет и четиригодишен скопјанец заврши во полициска станица откако со 3,29 промили алкохол во крвта предизвика сообраќајна несреќа во центарот на Скопје. Инцидентот се случил вчера попладне на улицата „Пролет“, кога пијаниот возач со автомобил „матиз“ удрил во друго возило.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила околу 15:10 часот. Возачот И.А.Л. (34) управувал автомобил „матиз“ со скопски регистарски ознаки кога сообратил со автомобил „хонда“, управуван од 20-годишниот Д.П. од Скопје.
Во сообраќајната несреќа за среќа нема повредени лица, но била причинета материјална штета на двете возила.
При полицискиот увид на местото на настанот, службениците извршиле алкотестирање на учесниците. Кај 34-годишниот возач на „матизот“ биле измерени 3,29 промили алкохол во крвта, што претставува состојба на тешко пијанство и исклучително опасно ниво за управување со возило.
Полицијата го лишила возачот од слобода во 17:00 часот, а за целиот случај веднаш бил известен јавен обвинител.
Покрај приведувањето на возачот, полициските службеници привремено го одзеле и автомобилот „матиз“. Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против 34-годишниот скопјанец ќе биде поднесена соодветна пријава.