Скалони по пласманот во финалето: Не постојат зборови да го опишам ова чувство

„Не постојат зборови со кои можам да го опишам она што го чувствувам. Горд сум на овие момци, на начинот на кој се бореа и никогаш не се откажаа.“, изјави Скалони.
epa13113927 Argentina players celebrate after the 1-1 during the FIFA World Cup 2026 semifinals match England against Argentina, in Atlanta, USA, 15 July 2026. EPA/RONALD WITTEK

Аргентина се пласираше во своето второ последователно финале на Светското првенство, откако во драматичното полуфинале во Атланта со пресврт ја совлада Англија со 2:1. Избраниците на Лионел Скалони обезбедија место во неделното финале, каде што ќе се борат за светската титула против Шпанија.

По натпреварот, селекторот на „гаучосите“ не ги криеше емоциите.

„Не постојат зборови со кои можам да го опишам она што го чувствувам. Горд сум на овие момци, на начинот на кој се бореа и никогаш не се откажаа. Сега нè очекува уште еден голем предизвик – финалето против Шпанија“, изјави Скалони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс