Пожарот кој од подрачјето на Македонски Брод се движи кон ловиштето „Јасен“ е ставен под засилен воздушен и копнен надзор, а во неговото гаснење се вклучени сите три авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека авионите интервенираат од воздух за да им помогнат на екипите на терен кои се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон шумскиот појас во ловиштетo
Ангелов предупреди дека ситуацијата може да стане сериозна доколку пожарот навлезе подлабоко во боровата шума.
„Засега огнот не е толку низок, но доколку навлезе во боровата шума, може да ни се повтори она што ни се случи“, изјави Ангелов.