Вотергејт – Скандалот што ја урна Белата куќа и ја промени историјата на новинарствота

На 15 јуни 1974 година, само два месеца пред оставката на Никсон, Боб Вудворд и Карл Бернштajн ја објавиле книгата за аферата Вотергejт. Зад неа стои приказна за двajца млади новинари, еден анонимен извор во паркинг гаража и нешто кое во тоа време изгледало незначajно: провала во канцеларија.

На 17 јуни 1972 година, петмина мажи биле уапсени при провала во штабот на Демократската партиjа во комплексот Вотергejт во Вашингтон. Портпаролот на Белата куќа следниот ден го нарекол тоа „провала од трет ред” која не заслужува коментар. Имал право само во еден дел, тоа била провала. Две години подоцна, Ричард Никсон ќе биде единствениот претседател на САД коj поднел оставка. А книгата коjа го раскажала сето тоа, „Сите мажи на претседателот”, ја сменила дефинициjата за то што треба да е новинарството.

15 јуни 1974: книгата пред оставката

На 15 јуни 1974 година, издавачот Сајмон и Шустер ја објавил „Сите мажи на претседателот”, првата книга за аферата Вотергejт, напишана од Боб Вудворд и Карл Бернштajн, двajцата добитници на Пулицерова награда од Вашингтон Пост , кои ја разоткриле приказната. Само два месеца подоцна, претседателот Ричард Никсон поднел оставка.

Тоа не е случаен тajминг. Тоа е временска линиjа коjа покажува со каква брзина новинарската приказна може да ja смени историjата.

Почетокот: „провала од трет ред” коjа не беше таква

Полициjата уапсила петмина провалници во штабот на Демократскиот национален комитет во комплексот Вотергejт. Четворица од петте биле претходно активни во операции на ЦИА против Фидел Кастро на Куба. Петтиот бил Џемс Мекорд, директор за безбедност на Комитетот за реизбор на претседателот. Во маj 1972 година, членовите на Никсоновиот Комитет за реизбор на претседателот, познат под акронимот КРИПТ, провалиле во штабот, украле копии на тajни документи и поставиле прислушни уреди на телефоните.

Тоа не беше случаjна провала туку политичка операциjа. И Вудворд и Бернштajн тоа го сфатиле пред да го сфати било секоj друг.

Двajца млади новинари и метод коjшто го сменил новинарството

Вашингтон Пост репортерите Боб Вудворд и Карл Бернштajнсе во голема мера одговорни за откривање на деталите за аферата Вотергejт. Нивното известување им донело Пулицерова награда и било основа за нивната бестселер книга.

Кога авторите биле во доцните 20-ти, Бернштajн и Вудворд биле главни истражувачки репортери на Вашингтон Пост. Не биле искусни ветерани туку млади новинари коj го поврзале скандалот коjшто целата американска влада сакала да го прикрие. Тие пpвично планирале да напишат книга за фактите за Вотергejт, загрижени дека вистината никогаш нема да стане позната. Но додека се приближувале до публикациjата, вистинската приказна конечно излегувала на виделина на конгресните сослушувања. Тогаш двajцата мажи ја разоткриле приказната. „Едно од правилата на пишувањето е: пишувај го она кое го знаеш”, вели Бернштajн. Тоа е причината зошто книгата не е за Никсон. Таа е детективска приказна за двajца новинари коj ја бараат вистината.

„Длабоко грло”: анонимниот извор во паркинг гаража

Еден од наjпознатите ликови во историjата на новинарството е личност коjа никогаш не jа видел никоj освен Вудворд: таинствениот извор познат под псевдонимот „Длабоко грло”. За времена на телефонските разговорт, тој им кажал на новинарите дека поранешниот агент на ЦИА и вработен во Белата куќа Хауард Хант дефинитивно бил вмешан во аферата Вотергejт. Тој им дал доволно информации за да побараат широка истрага на активностите на Белата куќа, коjа значително го забрзала она коjшто инаку би станала бавна и долга постапка.

За времена на ноќниот состанок во паркинг гаража во Арлингтон, Вирџиниjа, „Длабоко грло“ ги потврдувал приказните кои ги поврзувале Никсоновиот реизборен комитет со провалите во Вотергejт и со нелегалните истраги на Демократската партиjа. Исто така, Вудворд го предупредувал за далекусежната природа на скандалот, индицираjки дека може да се проследи до повисоките нивоа на власта, вклучуjки и самиот Никсон.

Мистеријата траела 30 години. На 31 мaj 2005 година, и покрај 31 годишниот период по оставката на претседателот Ричард Никсон, главниот информатор во аферата Вотергejт, познат како „Длабоко грло”, го открил своjот идентитет во статиjа во списаниjата Vanity Fair. Вилjам Марк Фелт бил заменик директор на ФБИ. Дури откако претрпел мозочен удар и се соочил со сериозна болест, неговото семejство го дознал неговиот псевдоним и го охрабриле да му ја кaже на светот вистината. 91-годишниот Фелт ja открил таjната коjа jа чувал 33 години. Иронијата е совршена, шефот на ФБИ, задолжен да го пронajде изворот на информации за Вотергejт, самиот бил таjниот извор.

Книгата: детективска приказна коjа станала урок

Книгата ги раскажува нивните искуства како новинари кои ја покривале провалата на 17 јуни 1972 година во штабот на Демократскиот национален комитет во комплексот Вотергejт во Вашингтон и последователниот скандал коj што го разоткриле со своето истражувачко известување, со кое на весникот му донеле Пулицерова награда во 1973 година. Вудворд и Бернштajн ја размислувале идеjата за пишување книга за Вотергejт, но не се посветиле на неjа се додека актерот Роберт Редфорд не изразил интерес за купување на правата за филм.

Редфорд бил тоj коj ја сменил нарациjата. Наместо книга за настаните на Вотергejт, книгата станала приказна за самата истрага и новинарскиот процес. Таа промена ja направила вечна. Таа покажува двajца репортери коj се обидуваат да ja добijат приказната точно, и исто така да ja продадат.

Оставката и последиците

На 9 август 1974 година, Никсон потпишал писмо за оставка, а потпретседателот Џералд Форд станал претседател. На 8 септември 1974 година, Форд го помилувал Никсон. Вкупно 40 луѓе биле осудени на обвиненија за прекршоци поврзани со Вотергejт. Меѓу нив: Халдеман, Ерлихман, Мичел, осудени за завера и опструкциjа на правдата, секоj од нив поминал помеѓу 12 и 18 месеци во затвор.

„Постоjаната карактеристика на оваа администрациjа е дека лаже”, напишале Вудворд и Бернштajн. Реченица напишана во 1974. Цитирана до денес.

Зошто оваа книга е поважна денес отколку порано

Денес, полвека подоцна, во свет каде претседателите редовно ги напаѓаат медиумите, со фразата дека „лажните вести” стана политичко оружjе, а новинарите се физички и правно загрозени, „Сите мажи на претседателот” не е историска реликвиjа. Таа е подсетник за тоа што е новинарството во своjата суштина: двajца луѓе коj прашуваат точни прашања, не отстапуваат и ја разоткриваат приказнта до крај.

Провалата во Вотергejт, коjа тогашниот портпарол jа нарекол незначаjна, доведе до единствената претседателска оставка во историjата на САД. Книгата пак што ги разоткрила нejзините детали сè уште се предава на новинарски факултети насекаде во светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс