На иницијатива и со поддршка на Амбасадата на Грција во Северна Македонија, а во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на централна локација, се одржа симулациска вежба на тема „Взаемна правна помош во случаи на економски криминал“.
Вежбата има за цел унапредување на практичната соработка меѓу надлежните институции на двете земји, преку размена на искуства, информации и најдобри практики за постапување во случаи поврзани со економскиот криминал и прекуграничните криминални активности. За таа цел, на вежбата беше поканет и ја координираше г. Стилијанос Биос, Претседател на Првостепениот суд, кој во периодот февруари 2022 – јануари 2024 година служел како назначен Национален Експерт во Eurojust. Учесниците од Северна Македонија беа високи претставници од Министерството за финансии, од областа на правосудството и од други институции вклучени во справувањето со економскиот криминал.
На почетокот на вежбата поздравни обраќања имаа Едвард Андерсон, раководител на Одделението за кривична правда и полициска реформа, во име на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, Александар Јанев, и вршителката на должноста амбасадор на Амбасадата на Грција во Скопје, Христина Василату.
Г-ѓа Василату, меѓу другото, истакна дека „Грција и Северна Македонија се соседни земји и сојузници, кои соработуваат како на билатерално ниво, така и во рамките на значајни меѓународни организации, како што е ОБСЕ. Во изминатите години, Амбасадата на Грција значително вложи во унапредувањето на секторската соработка врз основа на промовирањето на заеднички интереси. Оттука, особено ни претставува задоволство што денес, со симулациската вежба за Взаемна правна помош во случаи на економски криминал, се започнува нова серија активности што Амбасадата ќе ги поддржи во наредните месеци, одразувајќи ја пошироката посветеност на Грција на добрососедските односи, како и на практичната соработка со Северна Македонија, насочена кон конкретни и опипливи резултати“.
„Изборот на денешната вежба е условен од предизвиците со кои се соочуваат двете земји во особено значајниот и чувствителен за животот на сите граѓани сектор на правосудството и внатрешните работи “.
„Грција, како соседна земја-членка на Европската Унија, ја поддржува усогласеноста на Северна Македонија со правото на ЕУ. Во оваа смисла, билатералната соработка меѓу нашите две земји претставува и мост: простор во кој нашите институции можат да воспостават канали на соработка што ќе ја направат идната соработка понепречена и поприродна“, заклучи вршителката на должноста амбасадор на Амбасадата на Грција во Скопје.
Вежбата се одржува во рамките на релевантниот Договор што во мај 2026 година го потпишаа Амбасадата на Грција во Северна Македонија, под раководство на тогашната амбасадорка на Грција во Северна Македонија, Софиа Филипиду, и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за започнување на заеднички проект насочен кон унапредување на справувањето со прекуграничниот економски криминал.