Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во пограничниот регион меѓу Перу и Бразил. Според првичните информации, епицентарот бил на длабочина од 145 километри, што ја намалува веројатноста за поголеми последици на површината.
Засега нема информации за загинати, повредени или причинета материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата и ги проценуваат евентуалните последици од потресот.