Си и Путин со заедничка порака против САД: „Воениот авантуризам го руши светскиот поредок“

Кина и Русија во заедничка изјава осудија „воен авантуризам“, удари врз други држави и поттикнување промена на режими, без директно да ги именуваат САД.
Chinese President Xi Jinping, Russian President Vladimir Putin and North Korean leader Kim Jong Un arrive for a reception marking the 80th anniversary of the end of World War Two, at the Great Hall of the People in Beijing, China September 3, 2025. REUTERS/Florence Lo

Русија и Кина објавија заедничка изјава за „продлабочување на добрососедските односи, пријателството и соработката“, во која остро ги критикуваат воените акции што, според нив, го нарушуваат меѓународното право и светскиот поредок воспоставен по Втората светска војна.

Иако во документот директно не се именуваат Соединетите Американски Држави, формулациите се читаат како јасна критика на американското дејствување во последните месеци, особено во контекст на Иран и Венецуела. Во изјавата се осудуваат „воени удари врз други земји“, користење преговори како параван за подготовка на напади, атентати врз лидери на суверени држави и поттикнување промена на режими.

Си Џинпинг и Владимир Путин наведуваат дека ваквите постапки грубо ги кршат целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации, нормите на меѓународното право и основните правила на меѓународните односи.

Со оваа изјава, Пекинг и Москва уште поотворено се позиционираат како противтежа на Вашингтон и како промотори на, како што велат, поправеден меѓународен поредок. Пораката доаѓа во момент кога расте загриженоста за стабилноста на глобалниот систем и за насоката на американската надворешна политика во вториот мандат на Доналд Трамп.

Русија и Кина во последните години сè почесто настапуваат координирано на меѓународната сцена, особено кога станува збор за критика на западната доминација, санкциите, воените интервенции и притисоците врз држави што не се усогласуваат со политиката на Вашингтон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс