Швајцарија подготвена да биде домаќин на нова рунда преговори за Украина

Швајцарија нуди да биде домаќин на нова рунда преговори за Украина и да го олесни дијалогот меѓу страните за постигнување мир.

БЕРН – Швајцарија е подготвена да го олесни дијалогот и да биде домаќин на нова рунда преговори за решавање на конфликтот во Украина, изјави денеска портпаролот на швајцарското Министерство за надворешни работи, Јонас Монтани.


Тој за руската новинска агенција ТАСС изјави дека Берн ги поддржува сите дипломатски иницијативи насочени кон постигнување праведен и траен мир во Украина и дека е подготвен да организира средби на швајцарска територија. Монтани истакна дека швајцарското Министерство за надворешни работи одржува контакти со сите страни и ги нуди своите услуги за да помогне во изнаоѓањето пат кон мирно решение на конфликтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс