Најновото истражување „Best Countries 2026“ на US News & World Report ја прогласи Швајцарија за најдобра држава за живот во светот. Рангирањето е направено врз основа на повеќе важни критериуми кои влијаат врз квалитетот на животот, а во топ 10 листата доминираат европските држави.
Во анализата биле вклучени земји кои исполнуваат одредени услови, меѓу кои висок индекс на човечки развој и стабилна економија. Потоа државите биле оценувани според здравството, инфраструктурата, економскиот развој, безбедноста, животната средина, државното управување и можностите за граѓаните.
Швајцарија се издвојува по високите плати, стабилната економија и квалитетните јавни услуги. Посебно високи оценки добила во категоријата политичка стабилност и управување со државата, а се истакнува и со ниска инфлација и економска сигурност.
Истражувањето покажува дека Европа и понатаму важи за еден од најпосакуваните региони за живот, благодарение на стабилните институции и високиот животен стандард.
Во листата на десет најдобри држави за живот се наоѓаат Швајцарија, Данска, Шведска, Германија, Холандија, Норвешка, Обединетото Кралство, Финска, Луксембург и Австрија.