Нов мурал со наслов „Шумски оркестар“ осамна на просторот кај „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, носејќи силна порака за музиката како универзален јазик што ги обединува различностите.
„Школка“, која со децении важи за едно од најпрепознатливите места за дружење, концерти и младинска култура во градот, доби ново уметничко обележје што ја слави енергијата на младоста и заедништвото. Просторот останува симбол на генерации скопјани кои таму создале спомени преку музика, настани и дружења.
Авторот на муралот упати благодарност до уметникот Марјан Димиќ за помошта при исцртувањето, како и до организацијата Europe House Skopje за поддршката и можноста за реализација на проектот.
Новиот мурал веќе привлекува внимание кај посетителите на паркот и љубителите на уличната уметност, дополнително оживувајќи го еден од омилените скопски јавни простори.