Што може мажите да ги натера да отидат на уролог?

Во рамки на кампањата Movember, Трн и Златен Даб преку теренска анкета ги поттикнуваат мажите да ја надминат стигмата и да посетат уролог.

Во најновата анкета на Трн во соработка со Златен Даб ги прашуваме граѓаните колку навистина мажите се грижат за машкото здравје. На прашањето колку често менуваат ладно пиво во фрижидер, а колку често одат на уролог, повеќето одговорија дека почесто менуваат пиво отколку што одат на лекар.

Граѓаните исто така признаваат дека мажите почесто ќе трпат болка, отколку да одат на доктор и да кажат што ги мачи.

Сепак, дел од мажите признаа дека отворено разговаат со своите пријатели за машкото здравје и одењето на уролог со своите пријатели додека пијат пиво. Скоро сите анкетирани порачаа дека мажите треба почесто да одат на уролог и да не бегаат од докторите. „Навремената проверка е половина здравје“ рече еден од испитаниците.


Кампањата носи јасна порака дека брковите се симбол на Movember, но редовниот преглед го чува животот. Во рамки на оваа иницијатива, Златен Даб донира медицинска опрема за Одделението за урологија во Струмица, со што директно се зајакнуваат условите за грижа на пациентите.  Граѓаните можат да се информираат и преку специјалната брошура за машко здравје, која е достапна во промотивното пакување од шест лименки на Златен Даб. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс