Актерката Шенон Доерти изминатите години била свесна дека ќе умре, па поради тоа и направиле список на луѓе кои треба да се најдат на нејзиниот погреб.
Ѕвездата од серијата Беверли Хилс, последните девет години се бореше со карцином, за што и отворено зборуваше. Како што истакна и самата во едно интервју, целиот имот го распродала, за да ѝ олесни на мајка ѝ кога ќе дојде тој тежок момент.
„Почнав да размислувам за тоа кој ќе се појави на мојот погреб. И има многу луѓе за кои мислам дека ќе се појават, а не сакам да се таму“ рекла актерката во поткастот „Да бидеме јасни“.
Според неа, луѓето имаат свои причин зошто би се појавиле на погребот, но дека тие не ја сакаат доволно, туку се таму бидејќи е политички коректно и не би сакале да излезат во лошо светло.
„Сакам да го тргнам притисокот од нив. Сакам мојот погреб да биде како фестивал на љубовта“ рекла таа.
Сепак, ваквиот список на непосакувани гости никогаш не го откри, но истакнала дека присуството на фанови не би ѝ пречело.
Извор: Б92