Шекил О’Нил настапи на фестивал во Хрватска заедно со раперот Девито

Фото: Инстаграм

Легендарниот кошаркар и НБА-ѕвезда Шекил О’Нил настапи заедно со раперот Давид Љубеновиќ, познато како Девито на музички фестивал во Хрватска.

Од 19 до 21 јули во Меѓимурје во Хрватска се одржа фестивалот Forestland каде настапија преку 60 изведувачи, меѓу кои беше и Шекил О’Нил. Тој настапи во саботата под псевдонимот DJ Diesel.

Сцената ја делеше со раперот од Крагуевац, Давид Љубеновиќ, познат како Девито. Двајцата носеа дресови за време на настапот, раперот со името Девито на грбот, додека на дресот на поранешниот кошаркар пишуваше О’Ниловиќ.

Легендарниот кошаркар неколку пати истакнува колку му се допаѓаат луѓето од Балканот и често за летниот одмор го поминува на Јадранското Море.

е-Трн да боцка во твојот инбокс