Seth Troxler доаѓа на Sunny Hill Festival во Приштина

Еден од најпрепознатливите селектори на електронската сцена ќе настапи на фестивалот во Приштина ова лето.

Американскиот диџеј и продуцент Seth Troxler е новото име во програмата на Sunny Hill Festival 2026, кој ќе се одржи од 31 јули до 2 август во Sunny Hill Festival Park во Приштина.

Организаторите го најавија Troxler како ново засилување меѓу хедлајнерите, опишувајќи го како еден од најпрепознатливите селектори на современата електронска сцена, кој во Приштина ќе го донесе својот карактеристичен звук.

Sunny Hill Festival и годинава продолжува да ја гради позицијата на еден од најважните музички фестивали во регионот, со програма што обединува светски имиња, современа урбана култура и публика од целиот Балкан.

Настапот на Seth Troxler е најавен како дел од електронската линија на фестивалот, а билетите се достапни преку официјалната страница на фестивалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс