Маж од Тетовско пријавен за семејно насилство, сопругата тврди дека ја нападнал и ја избркал од дома

Триесет и шестгодишен жител на тетовско е лишен од слобода по пријава од сопругата дека ја избркал од домот со трите малолетни деца и физички ја нападнал.

Триесет и шестгодишен жител на тетовско, со престој во Тетово, е лишен од слобода по пријава за семејно насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, на 6 август околу 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ф. (36), постапувајќи по пријава од неговата 26-годишна сопруга.

Жената пријавила дека била избркана од домот со трите деца

Таа пријавила дека околу 21:00 часот, во нивниот дом, сопругот ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца.

Според пријавата, тој потоа и физички ја нападнал.

Осомничениот е задржан во полициска станица

Од МВР информираат дека осомничениот е задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс