Search
14 то издание на Филозофскиот филмски фестивал

Селекција на видео есеи од Маја Дерен

Оваа година, на 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал, поголем дел од Придружната програма ќе биде посветен на американската авангардна режисерка Маја Дерен (1917-1961).

Па така во рамките на Главната програма на Фестивалот (7-13 јуни) ќе бидат прикажани шест од нејзините видео есеи: Mashes in the Afternoon, At Land, A Study for Shoreography for Camera, Ritual of Transfigured Time, Meditation on Violence и The Very Eye of Night

Како најава на ова, на 14. мај, во Музејот на современата уметност во Скопје во 19 часот, ќе биде прикажан документарен филм за режисерката Дерен. Традиционално, тоа ќе биде првата проекција на Фестивалот за годинава, односно најава за Главната програма. Гледачите ќе имаат можност да го погледнат филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104’) во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek).

Најново

Последни колумни