Осомничениот за нападот врз Сара повторно во полициска станица во Охрид

Информацијата за повторното апсење доаѓа откако претходно му беа одредени мерки на претпазливост, вклучувајќи забрана за приближување до девојката

Кристијан Корабоски, осомничен за нападот врз 26-годишната Сара во Охрид, повторно е приведен и се наоѓа во охридската полициска станица.

Информација за повторното апсење ја објавија неколку медиуми, повикувајќи се на полициски изворисудска мерка.

Претходно, по предлог на Обвинителството, Основниот суд во Охрид му одреди мерки на претпазливост: забрана да ѝ се приближува на Сара на помалку од 50 метри, одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот секој втор понеделник.

Кривична пријава за нападот врз Сара

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот К.К. поради сомнение за кривично дело „тешка телесна повреда“.

Според полициското соопштение, нападот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. Осомничениот физички ја нападнал партнерката во автомобил, а нападот продолжил и откако го запрел возилото. Девојката изгубила свест, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа во „Св. Еразмо“.

Полицијата соопшти дека тој првично бил уапсен во 5:05 часот, набргу по настанот. Потоа му биле изречени мерките на претпазливост.


Државниот јавен обвинител Ненад Савески најави дека за правната квалификација ќе се одлучува по разгледувањето на доказите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс