За 21 отсто зголемена продажбата на електрични возила

Продажбата на електричните и „плаг-ин“ хибридните возила во јули пораснала за 21 отсто на годишно ниво, најмногу поради зголемената продажба во Кина. Во истиот период во Европа е забележан пад на побарувачката, објавија компанијата за истражување на пазарите „Rho Mototion“.

Во јули биле продадени вкупно 1,35 милиони целосно електрични или „плаг-ин“ хибриди во светот. Од нив 880 илјади биле продадени во Кина, што е раст од 31 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците.

Во првите седум месеци од 2024 година, бројот на продадени „плаг-ин“ хибриди во Кина се зголемил за 70 отсто во однос на истиот период минатата година.

Најголемиот кинески и светски произведувач на електрични возила, BYD, извести дека во првите седум месеци ја зголемил својата продажба на електрични возила за 13 отсто и на хибридни за 44 отсто.

Во Европа, на месечно ниво во јули продажбата се намалила за 7,8 отсто, додека во првите седум месеци од годината останала непроменета во однос на истиот период минатата година.

Во Германија, најголемиот пазар на електрични возила во ЕУ, во првите седум месеци од оваа година продажбата паднала за 12 отсто во однос на истиот период лани.

Во САД и Канада продажбата на електрични возила во јули пораснала за 7,1 отсто.

„BYD продолжи со рекордната продажба на ‘плаг-ин’ хибриди и во овој месец, што е клучен придонес во светската продажба, бидејќи нивниот обем на продажба станува голем. Возилата со зголемен опсег, хибридните автомобили на батерии кои  се полнат со помош на вграден генератор, исто така се продаваат се повеќе“ вели Чарлс Лестер од Rho Motion.

Тешко е да се очекува дека побарувачката за електрични возила во ЕУ ќе расте, со оглед на тоа што Унијата во јули воведе привремени царини за увоз на електрични автомобили произведени во Кина. Царината се згоелми од 17,4 на 37,6 отсто.

Извор: ХРТ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни