Се враќа „Супер Ел Нињо“ каков што светот досега не видел: океаните „горат“, што чека Европа и Балканот?

Силен Ел Нињо повторно се развива во Пацификот. Метеоролошки модели најавуваат екстремни температури, а Европа и Балканот би можеле да се соочат со жештини и силни временски непогоди.

Феноменот Ел Нињо повторно се развива и, според најновите модели, 2026 година би можела да донесе една од најсилните негови појави досега. Метеоролошките анализи укажуваат на нагло зголемување на температурите во централниот дел на екваторијалниот Пацифик, при што одстапувањата би можеле да достигнат ниво на претходни „Супер Ел Нињо“ настани.

Она што овој циклус го прави посебен е фактот дека сите светски океани се веќе значително потопли од претходните децении, што ја менува начинот на кој атмосферата реагира на феноменот.

Рано и интензивно затоплување

Според моделите, затоплувањето во Пацификот се развива порано од вообичаено, со веќе забележани високи температурни отстапувања во споредба со големите настани од 1982/83, 1997/98 и 2015/16 година. Ова „рано стартување“ влијае на глобалната циркулација на воздухот, што значи промени во распоредот на врнежи и ветрови уште во почетната фаза од феноменот.

Океаните во „црвена зона“

Научниците предупредуваат дека денес топлотните аномалии не се ограничени само на Пацификот, туку ги опфаќаат и Атлантикот и Индискиот Океан. Тоа создава услови за глобално засилување на климатските екстреми.

Некои модели предвидуваат дека централниот Пацифик би можел да достигне температурни отстапувања од над +2°C, па дури и +3°C во текот на зимата 2026/27.

Што значи ова за Европа и Балканот?

Европа, а особено Балканот, не се директно под влијание на Ел Нињо, но феноменот влијае на пошироката атмосферска циркулација.

Во комбинација со други климатски фактори, можно е: почести и подолги топлотни бранови, екстремно високи температури во Медитеранот, појава на силни и нагли временски непогоди и зголемен ризик од поројни дождови и поплави, особено од есента.

Научниците нагласуваат дека во услови на глобално потопли океани, реакцијата на атмосферата станува потешко предвидлива од претходно. Според анализите, овој Ел Нињо би можел да биде различен од сите претходни, бидејќи се развива во веќе затоплен светски океански систем, што потенцијално ја засилува нестабилноста на глобалната клима.

е-Трн да боцка во твојот инбокс