Се враќаат ли пандемиските денови? Трамп бара итна европска блокада за патниците од Африка

Поради брзото и прикриено ширење на смртоносниот сој на ебола „Бундибуџо“, Вашингтон преку дипломатска нота притиска врз Европа за итно затворање на границите пред почетокот на Светското првенство.

Стравот од враќање на мрачните сценарија со рестрикции, затворени аеродроми и пасошки контроли повторно се надвисна над глобалната јавност. Како што пренесува Reuters, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп презема радикални дипломатски чекори, барајќи од европските држави итно воведување блокада за патниците кои доаѓаат од регионите во централна Африка погодени од ебола. На помалку од неколку недели пред почетокот на Светското првенство во фудбал, Вашингтон стравува дека масовниот прилив на навивачи може да го претвори спортскиот настан во глобално супер-жариште. Додека САД веќе применуваат строги тринеделни карантински мерки, Светската здравствена организација (СЗО) излезе со алармантни податоци дека вирусот со недели се ширел комплетно незабележано.

Вашингтон со ултимативна нота до Европа: Мундијалот во висок ризик

Белата куќа веќе ги затвори своите граници за странски државјани кои во изминатите 21 ден престојувале во Демократска Република Конго, Уганда или Јужен Судан. Сега, преку официјална дипломатска нота испратена до европските влади, администрацијата на Трамп бара ист, реципрочен одговор од Брисел. Со оглед на тоа што европските аеродроми се главните транзитни точки преку кои патниците од Африка се префрлаат кон остатокот од светот, Американците предупредуваат дека пасивниот став на Европа ја загрозува колективната здравствена безбедност и може да предизвика колапс во меѓународниот патнички сообраќај во пресрет на Светското првенство.

Сојот „Бундибуџо“ под радарот: Бројот на жртви расте

Она што дополнително ги подгрева стравувањата од нова епидемија е природата на мутираниот вирус. СЗО потврди дека станува збор за специфичниот сој „Бундибуџо“ , кој за разлика од претходните варијанти, тешко се детектира во раната фаза. Според официјалните податоци, досега се потврдени 550 случаи на заразени, од кои дури 101 завршиле со смртен исход, а уште 94 случаи во моментов се сметаат за сомнителни. Лекарите предупредуваат дека вирусот се ширел незабележано со недели, што значи дека епидемиолошката мапа на контакти е веќе огромна и тешка за контрола.

Насилство на теренот: Локалното население ги напаѓа лекарите

Справувањето со ширењето на еболата во централна Африка се соочува со уште еден сериозен деструктивен проблем – безбедноста на медицинските тимови. Поради огромната недоверба кај населението и теориите на заговор, здравствените работници секојдневно се мета на физички напади. СЗО извести дека во моментов успеваат да следат само 62 проценти од контактите на заразените, што е далеку под потребните 95 отсто за запирање на кризата. Последниот брутален инцидент се случи во градот Бунија, каде медицински и погребни екипи беа нападнати, при што две лица беа тешко повредени, а нивните теренски возила демолирани, што дополнително ја урива одбраната против вирусот

е-Трн да боцка во твојот инбокс