Сведок за „Пулс“: Диското се запали многу брзо, по што имаше стампедо

Захариева според тврдењата и сама заглавила во стампедото и дека во последен момент некој од присутните ја сапасил

Со распит на сведоци денеска во Кривичниот суд продолжи судскиот рпоцес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Сведокот Ана Захариева која на критичниот настан била гостин во „Пулс” во Кочани на денешното рочиште за пожарот, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека вечерта на 16 март во дискотеката имало многу гости, меѓу кои и малолетници, како и дека во дискотеката се користеле прскалки и претходно.

„Додека стигнав од масата до вратата, диското изгоре“, изјави таа, додавајќи дека вечерта имало и полициска рација, но музиката не била прекината.

Сведочеше дека пожарот избувнал од пиротехника и дека во моментите на паника никој не ги насочувал луѓето каде да се движат.

Захариева според тврдењата и сама заглавила во стампедото и дека во последен момент некој од присутните ја спасил.

„Бев заглавена во стампедото, врз мене имаше сигурно уште 3-4 луѓе. Бев онесвестена и кога се разбудив почнав да барам помош од луѓето околу мене. Имаше еден полицаец во униформа, но не можеше да ме извлече. По кратко дојде друг и ме извлече„ рече Захариева.

Таа додаде и дека дека во пожарот се стекнала со изгореници на цела лева рака, имала операција и 42 дена била во болница, најавувајќи оштетено побарување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни