Анализа на GWL Voices за застапеноста на жените на челни позиции

Само 13 отсто од лидерите на меѓународните организации од 1945 година до денес биле жени

Од 1945 година, 21 од овие организации никогаш не избрале жена на лидерска позиција, а 15 го направиле тоа само еднаш од 1945 година. Просечниот удел на женски лидери во последните пет децении од минатиот век изнесува 4%. Но, по децении на инерција, промената кон родова еднаквост добива на интензитет. Од од 2000-тa до 2010-та, просечниот процент на избрани жени лидери во овие организации порасна од 17 на 31отсто. Само во текот на последните две години, осум жени се именувани на највисоки позиции во вкупно 23 организации кои избираат нови лидери. Седум од овие жени беа избрани или назначени во 2023 година.

Само 13 отсто од сите избрани лидери на меѓународните организации од 1945 година до денес се жени. Ова го покажува последното истражување на GWL Voices, Организација на жени лидерки од сите региони. За да ги истакне вкоренетите модели на родова исклученост во многу организации, GWL Voices  ја следи распределбата на раководни позиции на значајни светски организации .

Ова истражување на GWL Voices кое е објавено на почетокот на 2024 година, привлече големо внимание поради тоа што со факти укажа на недостатокот на жени на врвот на меѓународните организации. Извештајот го мапираше полот на лидерите на 33 големи меѓународни организации од 1945 година до денес. Според анализата, жените биле на одговорни лидерски позиции само 12% од времето.

Во извештајот за 2024 година, е вклучена проширена листа од 54 организации, како и два нови дела во истражувањето кои се осврнуваат на родовиот состав на раководните тела и високи менаџерски тимови. Заклучот од анализата носи две строго контрастни приказни. Првата која не исполнува со надеж  е фактот дека родовата еднаквост може брзо да се постигне – дури и во големи и политички сложени системи. Втората приказна, за жал, се двојните стандарди и континуираното исклучувањена жените од клучните позиции на носење одлуки. Околу 189 земји ја ратификуваа Конвенцијата на Обединетите нации за елиминација на сите форми на дискриминација против жените, CEDAW. Но, како што може да се види од податоците прифаќањето е повеќе декларативно. Ако се анализараат податоците почнувајќи од 1945 година, за да се истакнат вкоренетите обрасци на родова исклученост кои се карактеризираат во многу организации, се гледа дека 21 од овие организации никогаш не избрале жена на лидерска позиција, а 15 го направиле тоа само еднаш од 1945 година. Заклучокот е дека напредокот е бавен. Всушност, просечниот удел на женски лидери во последните пет децении од минатиот век изнесува одвај 4 отсто. Но, по децении на инерција, промената кон родова еднаквост добива на интензитет. Од 2000-та до 2010-та, просечниот процент на избрани жени лидери во овие организациите се искачи од 17 на 31 отсто. Само во текот на последните две години, осум жени се именувани на највисокото работно место од вкупно од 23 организации кои избраа нови лидери. Седум од овие жени беа избрани или назначени во 2023 година.Четири организации испишаа историја со тоа што избраа жена на највисока работна позиција за први пат во историјата на нивното постоење.

По 157 години непрекинато машко лидерство, Интернационалниот Синдикат за телекомуникации ја избра Дорин Богдан-Мартин на функцијата генерален секретар. Ејми Поуп стана првата жена генерален директор на Интернационалата Организацијата за миграција во својата 71-годишна историја. Селест Сауло е првата жена на чело на Метеоролошката организација, која во својата 73-годишната историја имала генерални секретари само мажи. Надја Калвињо беше избрана за прва жена претседател на Европската инвестициска банка. Жизела Санчез стана првата жена шеф на Централноамериканската банка за економска интеграција.

Светска банка, Интерамериканска банка за развој и храна и земјоделство, Меѓународниот фонд за развој на земјоделството и Меѓународната Организацијата на трудот, исто така одржаа избори во последните две години. Во моментов, за жал тие остануваат во сè помалата група на институции кои биле и се управувани само од мажи.

Половина од овие организации опфатени со истражувањето постигнале или се блиску до постигнување на родова еднаквост во нивните високи менаџерски тимови. Просечниот удел на жени во високи менаџерски тимови е 42 отсто. Генералното собрание на ОН, можеби најзначајното од сите раководни тела, е симбол на овој проблем. Жените сочинуваат само 27 отсто од сите амбасадори. Од 1946 година, на оваа позиција се избрани 74 мажи и само четири жени. Минатата година, GWL Voices започна Кампања на ОН што ќе обезбеди секоја втора година, почнувајќи од 2025 година, претседател на Генералното собрание на ОН да биде жена. На Генералното собрание одржано во септември 2023 година, Словенија, Боцвана и Шпанија ја поддржа оваа идеја.

Ниту една меѓународна организација не била поконсеквентна во унапредувањето на правата на жените и девојките од Обединетите нации. Од формирањето во 1946 година, Комисијата на ОН за статусот на жените е главното тело за креирање политики во светот посветено за родова еднаквост. Пресвртници како што е Конвенцијата за елиминација на сите форми за дискриминација против жените (1979), Декларацијата за елиминација на насилството Против жените (1993) и Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност за жени, мир и безбедност (2000), ги поставија правните основи за правата на жените ширум светот. GWL Voices силно верува дека меѓунарните организации  треба да се раководат и да се засноваат на еднаква застапеност на жените на позициите каде се носат одлуки. Тоа е прашање на демографска правичност и исто така прашање на ефикасност и позитивно влијание.  

Истражувањето е превземено од UN Woman.

е-Трн да боцка во твојот инбокс