Во неодамнешното интервју за The Wall Street Journal, Салма Хајек зборуваше за нејзиниот брак со францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино.
Имено, и покрај нејзината импресивна кариера, која ѝ донесе богатство од околу 200 милиони долари, 58-годишната актерка откри дека чувствува одреден „притисок“ да заработува иако е во брак со милијардер и еден од највлијателните луѓе во светот на модата и луксузот.
Пино е извршен директор на компанијата Керинг, која управува со луксузни брендови како Гучи, Сен Лоран и Баленсијага.
Хајек објасни дека ги држи финансиите одвоени од Пино и дека во голема мера е финансиски независна, но и дека сака да ја зголеми својата нето вредност.
„Јас поддржувам многу аспекти од мојот живот и себеси. Чувствувам притисок да заработам одредена сума пари и тоа ми се допаѓа. И сега решив дека сакам да заработувам повеќе”, рече таа и сподели како е да се биде во брак со милијардер.
„Беше возбудливо што не морав да размислувам за пари, а се испостави дека сите луѓе сакаа да разговараат со мене за пари“ вели Хајек.