ОН бара глобални правила за вештачката интелигенција, Трамп не гледа ризик

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупредува на сериозни глобални катастрофи, додека Вашингтон тврди дека постојните закони се сосема доволни.
Фото: EPA-CYRIL-ZINGARO

Светот има итна потреба од построги меѓународни правила за вештачката интелигенција со цел да се спречат глобални ризици и можни катастрофи, предупреди генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Во пресрет на претстојната средба на светските лидери на Генералното собрание на ОН, Гутереш најави дека засилениот надзор врз оваа технологија ќе биде една од главните теми во неговите разговори со државниците. Тој нагласи дека не смеат да се занемарат стравовите што ги посочуваат самите експерти.

„Одговорност на секоја влада е да ги заштити своите граѓани, вклучително и од заканите што ги носи вештачката интелигенција“, порача Гутереш.

Алармот во јавноста дополнително се зголеми откако истражувачот од компанијата „Антропик“ (Anthropic), Џејкоб Коксон, поднесе оставка. Тој образложи дека заминува делумно и поради тоа што луѓето кои директно ја развиваат технологијата искрено веруваат оти таа би можела да го уништи човештвото до крајот на оваа деценија. На забавување на развојот претходно повикаа и раководители на некои од најголемите технолошки компании во индустријата.

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп ги минимизираше ваквите стравувања. Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави веќе имаат воспоставено заштитни механизми за регулација на компаниите кои развиваат вештачка интелигенција, како и правна основа за нивно кривично гонење доколку ги прекршат правилата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс