Мате Римац повторно сингл, раскина и со Барбара Котарски

По осум месеци врска и заеднички појавувања во јавноста, хрватскиот претприемач стави точка на романсата со 28-годишната економистка.
Фото: Инстаграм

Хрватскиот бизнисмен Мате Римац и претприемачката Барбара Котарски повеќе не се заедно, откако по само осум месеци решија да ја прекинат љубовната врска. Веста за разделбата ја потврдија извори блиски до парот, додека Котарски одби да даде коментар за медиумите. Двајцата за првпат беа видени заедно на почетокот на годинава, по што романсата привлече големо внимание во регионалната јавност.

Јавноста првпат дозна за врската во јануари, кога парот пристигна држејќи се за рака на концертот „Glazbeni te zove!“ во загрепскиот ХНК. Иако официјално не зборуваа за својот приватен живот, следните месеци редовно се појавуваа заедно на јавни настани.

Фото: El monty, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Сомнежите за проблеми во односот се појавија летово. Римац во јули беше забележан на фестивалот „Ултра“ во Сплит само во друштво на пријатели, додека Котарски во истиот период целосно го избриша својот профил на Инстаграм.

Барбара Котарски има 28 години, дипломирала деловна економија во Риека, а во минатото се занимавала со моделинг во Истанбул. Таа раководи со хуманитарни иницијативи за едукација на деца во Африка преку здруженијата „LearnTwoHelp“ и „SonTa“, а е и авторка на книгата „Together We Can Reach The Stars“.

Ова е трета врска на основачот на „Rimac Automobili“ што доаѓа во фокусот на јавноста по крахот на неговиот брак. Римац во средината на 2024 година се разведе од долгогодишната партнерка Катарина Ловриќ по три години брак и речиси една деценија заеднички живот.

Непосредно по разводот, во септември истата година, тој беше поврзуван со Валентина Блажековиќ од Доњи Михољац. Таа врска траеше само до ноември, кога парот се раздели, а неговиот автомобил „Невера“ со регистарски таблички „Magla-1“ престана да се појавува во нејзиниот роден град.

Пред бракот со Ловриќ, единствена јавно позната партнерка на Римац беше Моника Микац, која помина осум години како оперативна директорка во неговата компанија пред да замине во 2018 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс