а штипскиот универзитет беше означен почетокот на проект за Интегриран центар за безбедносни операции, наменет за јакнење на сајбер безбедноста и дигиталната отпорност.
Во Штип ќе се гради универзитетски центар за сајбер безбедност, кој ќе биде насочен кон унапредување на дигиталната отпорност и безбедносните капацитети. На штипскиот универзитет денеска беше означен почетокот на проектот за Интегриран центар за безбедносни операции.
Проектот ги поврзува академската заедница, институциите и меѓународните партнери, а неговата цел е да придонесе кон создавање побезбедна и поотпорна дигитална средина.
„Ако сакаме долгорочна сајбер безбедност, мора да инвестираме не само во технологии, туку и во кадар“, порача од Штип министерот Стефан Андоновски.
Тој нагласи дека дигиталната трансформација не значи само воведување нови технологии и услуги, туку и создавање безбедна и отпорна дигитална држава.
Министерката Јаневска истакна дека во време кога дигитализацијата е присутна во секој сегмент од живеењето, стратешки приоритет е да се вложува во сајбер безбедност и дигитална отпорност.
Системот ќе се однесува на земјите од Западен Балкан и ќе функционира според највисоки меѓународни стандарди. Во регионалниот центар ќе се едуцираат и обучуваат сајбер професионалци кои ќе имаат специјални безбедносни задачи.