САД и Иран заглавени во опасен ќор-сокак: „Нема воено решение за Хормуз и нуклеарната криза“

И покрај заканите на Доналд Трамп за нови напади, аналитичарите предупредуваат дека ниту САД ниту Иран не можат да излезат од кризата без договор за Ормутскиот теснец и иранската нуклеарна програма.

Три месеци по американско-израелските напади врз Иран, кризата околу Ормутскиот теснец и нуклеарната програма влегува во опасен ќор-сокак. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил „на еден час“ од наредба за нов напад врз Иран, предупредувајќи дека без договор следуваат „многу тешки денови“. Но аналитичарите предупредуваат дека ниту САД ниту Иран немаат реално воено решение.

Техеран одбива да се откаже од збогатувањето ураниум и контролата врз Ормутскиот теснец, кој е еден од најважните светски енергетски коридори. Од друга страна, Вашингтон бара долгорочен прекин на нуклеарната програма и целосно отворање на теснецот без иранска контрола.

Според експертите, секоја нова ескалација само би го продлабочила конфликтот, без вистински победник — а последиците веќе се чувствуваат преку растот на цените на нафтата и глобалната економска нестабилност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс