САД официјално ги укина санкциите против специјалната известувачка на за состојбата во Палестина, Франческа Албанезе, откако федерален суд во САД ја блокираше претходната одлука на администрацијата на.
Санкциите биле воведени по нејзините остри критики кон Израел и нејзините повици до Меѓународниот кривичен суд во Хаг да покрене постапки против израелски функционери. Албанезе во своите извештаи ги опиша настаните во Газа како „геноцид“ и го нарече Израел „држава на апартхејд“.
Судијата во својата одлука оцени дека мерките на американската администрација ги нарушуваат уставно загарантираните права на слобода на говор од Првиот амандман, бидејќи биле воведени како реакција на нејзините јавни ставови.
Франческа Албанезе, италијанска државјанка која живее во Тунис, останува една од најгласните критичарки на политиките во, а случајот повторно ја отвора дебатата за границите меѓу дипломатијата, меѓународното право и слободата на говор.