Руте по заканите од Москва: Русија станува сè понеодговорна

„Опасностите што ги претставува Русија се многу јасни“, рече Марк Руте на денешната прес-конференција во Брисел

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Русија станува „сè понеодговорна“ и предупреди на зголемување на бројот на беспилотни летала и ракети што влегуваат во воздушниот простор на алијансата. На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Брисел, Руте, исто така, ја истакна зголемената фреквенција на злонамерни активности насочени против територијата на НАТО.

Растечки закани

„Русија е сè понеодговорна додека продолжува со својата ужасна војна против Украина. Видовме повеќе беспилотни летала и ракети како преминуваат во нашиот воздушен простор по должината на источниот дел, што создава зголемен ризик“, рече Руте. Тој додаде дека НАТО и ЕУ постојано работат на заштита на своето население од растечките закани.

Тој ги наведе палежните напади врз фабрики што произведуваат воена опрема за Украина и рускиот „хибриден напад“ во Лајпциг, Германија, како примери за злонамерна активност насочена директно кон територијата на НАТО. „Опасностите што ги претставува Русија се јасни“, рече Руте. Тој, исто така, ги отфрли шпекулациите дека постапките на Москва би можеле да ги поделат сојузниците или да ја ослабнат нивната поддршка за Украина.

Претходно, денеска вториот човек на рускиот Совет за бебзедност и екс претседател Дмитириј Медведед, се закани дека Русија би можела да гаѓа воени цели директно во Германија

Случајот Лајпциг

Коментарите доаѓаат откако Германија во вторникот ја обвини Русија за обидот за напад со беспилотни летала на аеродромот во Лајпциг минатиот месец. Министерот за внатрешни работи Александар Добриндт изјави дека истражителите утврдиле дека планот бил осмислен од руската разузнавачка служба и спроведен од оперативци од пониско ниво.

Аеродромот во Лајпциг е важен товарен центар и клучна логистичка точка за воен товар, вклучувајќи летови на украински авиони „Антонов“. Русија ги отфрли обвинувањата за атентати, саботажи, напади со беспилотни летала и шпионажа во земјите што ја поддржуваат Украина. Москва ги обвини западните влади за поттикнување на „антируска параноја“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс