Украинската пејачка Руслана, победничка на Евросонг 2004 година, предизвика лавина негативни коментари и потсмев на социјалните мрежи по нејзиниот настап на српската телевизија Блиц ТВ. Нејзината интерпретација на познатата евровизиска песна „Лане моје“ на Жељко Јоксимовиќ брзо стана вирална на платформата ТикТок, каде што публиката упати остри критики за вокалната изведба.
Видеото од настапот се прошири веднаш по емитувањето, а коментарите под снимката главно беа насочени кон непрепознатливоста на песната. Дел од гледачите коментираа дека не сфатиле што точно пее Руслана, додека други напишаа дека изведбата им ја расипала песната.
@blictvofficial Ruslana izvodi "Lane moje" 🎤 SHOW STOPERKA četvrtkom u 22h na kanalu BLIC TV ✨
♬ original sound – Blic TV
Некои од корисниците се пошегуваа со предлог за итен дует меѓу Руслана и српската пејачка Маја Николиќ, позната по честите настапи на фестивали и обиди за пласман на Евровизија.
Украинската пејачка не одговори на критиките за нејзиното пеење. На социјалната мрежа Инстаграм објави порака со благодарност до телевизијата и до водителката Гоца Тржан за поканата.
„Ви благодарам за атмосферата и можноста навистина да го пренесам она што сега го носам во себе, емоцијата на своето срце“, напиша таа.
Во мај оваа година Руслана во изјава за агенцијата Танјуг зборуваше позитивно за Србија, наведувајќи дека земјата ѝ е блиска по менталитетот, дека редовно ги следи српските претставници на Евросонг и верува во нивна нова победа.