Најмалку едно лице загина, а три се повредени во руски напад врз Киев во текот на ноќта, соопшти градската воена администрација. Градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, потврди дека загинала 21-годишна девојка, објави украинската новинска агенција „Укринформ“.
Во нападот биле погодени медицински центар и образовна установа, а две метро-станици привремено биле затворени поради безбедносната ситуација.
Засега не се објавени дополнителни детали за околностите на нападот, ниту за состојбата на повредените. Информациите се засноваат на соопштенијата на украинските градски власти пренесени од медиумите.
