Рударите во „Трепча“ излегоа на површина по 16 часа под земја

Осумнаесет рудари кои беа заглавени во подземна галерија на рудникот „Трепча“ поради проблеми со електрична енергија излегоа на површина и не се повредени.

Осумнаесет рудари кои беа заглавени во подземна галерија на косовскиот рудник „Трепча“ излегоа на површина откако на кратко било обновено снабдувањето со електрична енергија.

Осумнаесетте рудари кои околу 16 часа беа заглавени во подземна галерија на рудникот „Трепча“ во Косово излегоа на површина. Според информациите од синдикатот, никој од нив не е повреден.

Рударите биле блокирани под земја поради сериозни технички проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Тие успеале да излезат од рудникот откако напојувањето било кратко обновено.

Претседателот на Синдикатот на рударите, Ибрахим Јонизи, претходно изјави дека првично во рудникот биле заглавени 40 лица, но 22 од нив успеале да излезат порано.

Случајот повторно го отвора прашањето за безбедносните услови во рудниците и за потребата од стабилни системи за снабдување со енергија, особено во објекти каде прекините можат директно да го загрозат животот на работниците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс